Trifolium latinum — едногодишен вид на детелина од фамилијата бобови опишан од Франческо Антонио Себастијани. Според Каталогот на живот не се наведени подвидови.

Опис Trifolium latinum има копјести листови и цвета од мај до јуни. Неговите семиња се долготрајни во животната средина, што значи дека по уништувањето на популацијата во одредена област, може повторно да се колонизира.

Распространетост низ светот Trifolium latinum се среќава во умерените региони на Југоисточна Европа и Западна Турција во близина на Средоземното Море. Во Италија, се сметало дека е исчезнат сè додека не бил повторно откриен во 2012 година.

Распространетост во Македонија Во 1928 година бугарскиот ботаничар Стојанов го наведува видот дека се среќава во околина на Струмица и Прилеп.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Детелина Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1813 година Категорија:Флора на Грција Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Турција