Џиперс Криперс 2 () — американски филм на ужасите од 2002 г., напишан и режиран од Виктор Салва. Филмот е продолжение на Џиперс Криперс (2001). Улогата на чудовиштето Плашилото по вторпат ја толкува Џонатан Брек, а во филмот се појавува и Реј Вајз како фармерот Џек Тагарт, кој започнува потера по чудовиштето. Во една епизодна улога се појавува и Џастин Лонг, повторувајќи ја улогата на Дери од првиот дел. Франсис Форд Копола повторно бил извршен продуцент на филмот.
Дејството се врти околу демонско суштество и таинствен сериски убиец, кој го демне училишниот автобус полн со средношколци. Џек Тагарт е фармер што се обидува да го најде и убие Плашилото од одмазда за својот помлад син, кој бил убиен од монструмот истата недела.
Филмот премиерно се појавил во американските кина на 29 август 2003 г. и добил претежно одречни одзиви, иако остварил заработка од речиси 120 милиони долари во светски рамки, со буџет од 17 милиони долари. По овој филм следувала предисторијата Џиперс Криперс 3.
Содржина
Во американската провинција, фармерот Тагарт работи во дворот со своите два сина. Околу нивниот дом се простира бескрајно поле, кое повремено го напаѓаат врани. Додека постариот син работи во гаражата, таткото го праќа помладиот син, Били, да ги провери и исправи плашилцата што се накривиле од ветрот. Били забележува дека едно од нив изгледа чудно. Кога се доближува, сфаќа дека тоа не е обично плашило, туку ужасно суштество распнато на столбот. Били се обидува да побегне, но крилестото суштество (Плашилото) го грабнува со канџите и одлетува. Таткото и постариот син ги слушаат вресоците, но доцнат — од момчето останале само крвави траги. Тие се вооружуваат и тргнуваат во потрага по чудовиштето.
Следниот ден, автобус со средношколска кошаркарска екипа се враќа од последен натпревар. Патувањето се прекинува кога една од гумите пука поради чуден предмет — ѕвездичка направена од коски и метал. Додека чекаат помош, напнатоста во екипата расте. Ученичката Минкси сонува кошмари во кои Дери Џенер, жртва од претходниот филм, ја предупредува за опасноста. Набрзо се појавува Плашилото и ги убива возрасните, а потоа започнува да ги напаѓа учениците во автобусот. Тагарт и неговиот син стигнуваат на местото со камион опремен со харпун. Го прободуваат Плашилото, но тоа успева да побегне. Во конечната пресметка, Тагарт му задава низа удари на монструмот, но суштеството не умира — неговиот 23-дневен циклус завршил и тоа паѓа во зимски сон.
По 23 години, група млади луѓе ја посетуваат занимливоста „Пеколниот лилјак“. Се испоставува дека тоа е Плашилото, приковано на ѕидот од амбарот, кое го чува остарениот фармер Тагарт, чекајќи го мигот кога суштеството ќе се разбуди.
Улоги
| Џонатан Брек || Плашилото |- | Реј Вајз || Џек Тагарт Постариот |- | Ники Ејкокс || Минкси Хејз |- | Лук Едвардс || Џек „Џеки“ Тагарт Помладиот |- | Гарикаји Мутамбирва || Дондр „Дабл Ди“ Дејвис |- | Ерик Ненингер || Скот „Скоти“ Брадок |- | Марие Делфино || Ронда Труит |- | Травис Шифнер || Изи Боуен |- | Били Арон Браун || Енди „Баки“ Бак |- | Ел Сантос || Данте Беласко |- | Џош Хамонд || Џејк Спенсер |- | Казан Бучер || Кимбал „Големиот К“ Ворд |- | Дајан Делано || Бети Борман |- | Дру Тајлер Бел || Џони Јанг |- | Шон Флеминг || Били Тагарт |- | Лена Кардвел || Челси Фармер |- | Томас Госом-Помладиот || тренерот Чарли Хана |- | Том Тарантини || тренерот Двејн Барнс |- | Џастин Лонг || Дери Џенер |- | Џон Пауел || возрасниот „Џеки“
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Американски филмови на патот Категорија:Американски филмови за чудовишта Категорија:Филмови од 2003 година Категорија:Филмови за демони