„Деменција“ (англиски: Dementia) – филм на режисерот Џон Паркер (John Parker) од 1953 година. Паркер е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Едриен Берет (Adrienne Barrett), Бруно Весота (Bruno VeSota), Бен Роузман (Ben Roseman) и Анџело Росито (Angelo Rossitto). Монтажата е дело на Џозеф Глук (Joseph Gluck), директор на фотографијата е Вилијам Ц. Томпсон (William C. Thompson), наратор е Ед Мекмахон (Ed McMahon), а автори на музиката се Џорџ Ентејл (George Antheil) и Шорти Роџерс (Shorty Rogers). Дејствието на филмот е прикажано без ниту еден изговорен збор, иако во него се употребуваат звучни ефекти. Тој е снимен во независна продукција и со мал буџет. Снимањето било завршено во 1953 година, но филмот бил премиерно прикажан дури две години подоцна поради цензурата на државата Њујорк, која барала драстично кратење на сцените што биле оценети како насилни и со „вознемирувачка содржина“. Покрај тоа, задоцнетото прикажување било последица и на инсистирањето на дистрибутерот да се досними нарацијата. И покрај тие промени, филмот добил лоши оцени од критиката, а не го привлекол ниту вниманието на публиката. Во Велика Британија добил дозвола за прикажување дури во 1970 година. Филмот станал познат многу подоцна, благодарение на популарниот хорор-филм „Груда“, поради сцената во која истоименото чудовиште ги напаѓа посетителите на една кино-сала токму кога се прикажува „Деменција“. Денешните критичари го споредуваат филмот со класичниот нем филм „Кабинетот на д-р Калигари“.Demencija, američki film (пристапено на 22.2.2025)

Синопсис Една млада жена (ја игра Бенет) во текот на ноќта, наоружана со нож, заминува да се забавува во проблематичниот кварт каде доживува низа необични и страшни настани за кои не е јасно дали се вистина, кошмар или целосна загуба на разумот... Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филм ноар Категорија:Хорор филмови Категорија:Филмови на United Artists Категорија:Филмови од 1953 година Категорија:Филмови на Џон Паркер Категорија:Филмови со Едриен Берет Категорија:Филмови со Бруно Весота Категорија:Филмови со Бен Роузман Категорија:Филмови со Анџело Росито