Ѓорѓи Варошлија (Велес, 2 август 1947 — Скопје, 28 јануари 2006) — македонски новинар и директор на Македонско радио меѓу 1994-1998 година. Претседател на советот на радиодифузија од 2003 година до неговата смрт во 2006 година. Дописник на Дојче Веле и Радио Слободна Европа. Учествувал во демократизацијата на македонските медиуми по независноста на државата.

Животопис Ѓорѓи Варошлија е роден на 2 август 1947 година во градот Велес, Социјалистичка Република Македонија. Стекнал основно образование во неговиот роден град. Продолжил со неговото образование во Скопскиот правен факултет „Јустинијан I“, под склоп на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Таму завршил по новинарство. Во 1970 година се вработил во Радио Скопје, поточно во Стопанската редакција. По независноста на Македонија, Варошлија учествувал во демократизација на македонските медиуми.Обраќање на м-р Зоран Трајчевски до јавноста по изборот за претседател на СРД. 15 години медиумска редакција: од оружје на режим кон алатка на демократијата Меѓу 1986-1990 година бил главен и одговорен уредник на првата програма. Дописник бил на Дојче Веле и Радио Слободна Европа.

Под Втората влада на Бранко Црвенковски, Варошлија бил назначен за претседател на Македонско радио. Според Стојан Андов, при средба со Киро Глигоров во Водно, тој побарал претседател за новообновената Македонска радио-телевизија. Бранко Црвенковски и Киро Поповски го предложиле Ѓорѓи Варошлија поради тоа што бил „афирмиран во јавноста и ценет од колегите“, но всушност го предложиле Варошлија поради неговото членство во СДСМ. Во 1998 година, под владата на Љупчо Георгиевски, Варошлија бил заменет. Варошлија работел во раководниот тим на Скај нет телевизија. Во 2003 година, под Третата влада на Бранко Црвенковски, Варошлија бил назначен за претседател на Советот за радиодифузија на Република Македонија. Останатите членови во советот биле: Осман Демири, Апостол Трпески и Ашмет Елезовски.

Починал на 28 јануари 2006 година во Скопје.

Поврзано

Бранко Варошлија

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1947 година Категорија:Починати во 2006 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски новинари Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Политичари од СДСМ