Ристо Ванчуков (Катраница, 1885 – ?, по 1950) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.
Животопис Роден е во 1885 г.На 10 февруари 1950 г. тој имал 65 години. во селото Катраница, Кајларско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Стапил во ВМОРО, привлечен од воденскиот војвода Димитар Занешев. Дејствувал како курир на војводата Кара Ташо за Катраница–Караташ–Алгер, пренесувајќи пошта, оружје, храна. Учествувал во Илинденското востание во летото 1903 г. заедно со четата на Никола Иванов – Кулиман. По востанието, тој останал четник на војводата Кулиман сè до неговата легализација во 1908 година, учествувајќи во повеќе битки.
По крајот на Втората светска војна, како жител на с. Гаково, Војводина, на 10 февруари 1950 г. поднел молба за илинденска пензија.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Добитници на Илинденска пензија