Беклешти (, Хрисостомос; до 1927 г. Μπεκλεστή, Беклести) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Бук во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1923 г. било населено со Турци.
Географија и местоположба Селото се наоѓало во западните падини на Урвил, источно од градот Драма, непосредно до Козлуќој.
Историја Во XIX век Беклешти било мало турско село во Драмската Каза на Драмскиот Санџак.
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 113 жители, кои во 1920 г. се свеле на 67 лица.
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени неколку бегалски семејства. Во 1927 г. селото е преименувано во Хрисостомос (Χρυσόστομος). Меѓутоа, во сите подоцнежн пописи селото не се спомнува, бидејќи истото се смета за маало на соседно Козлуќој, во чиј состав е пресметано и населението од Беклешти.
Наводи
Категорија:Историски села во Бук