Бекташ или Бекташли (, Склиропетра; до 1927 г. Μπεκτάς, Бектас) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Бук во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1923 г. било населено со Турци.

Географија и местоположба Селото се наоѓало во западните падини на Урвил, источно од градот Драма, непосредно до Ола.

Историја Во XIX век Бекташ било мало турско село во Драмската Каза на Драмскиот Санџак.

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во пописот од истата година неговото население е пресметано во составот на жителите од селото Ола, додека во пописот од 1920 година е евидентирано како посебна населба со 67 жители.

Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени неколку бегалски семејства со вкупно 49 бегалци. Во 1927 г. селото е преименувано во Склиропетра (Σκληρόπετρα). Селото во сите подоцнежни пописи не се спомнува, бидејќи бројот на неговите жители е пресметан во состав на жителите од соседното село Ола.

Наводи

Категорија:Историски села во Бук