thumb|Шаман во Сибир. Цртеж на Н. Витсен
Шаман — според религиозните и мистичните верувања на шаманизмот, човек што претставува посредник во комуникацијата помеѓу материјалниот и духовниот свет.
Потекло на зборот
Поимот „шаман“ го има во многу јазици низ светот.
Според една верзија, зборот потекнува од санскритскиот шраман (श्रमण śramaṇa) — патувачки отшелник, духовен подвижник аскет за време на Стара Индија. Заедно со будизмот, овој поим се проширил низ Азија и преку евенкиски јазик навлегол во македонскиот и западните јазици.Eliade Mircea. Shamanism: Archaic Techniques of Ecstasy (англ.). — Arkana Books, 1989. — P. 495. — 610 p. — ISBN 9780140191554 Според друга верзија, зборот има изворно тунгуско-манџурско потекло и произлегува од коренот са (са-ми/hа-ми/ша-ми) „знае“ + -ман (наставка за склоност на лице кон нешто), дословно: саман „оној што знае [она што на другите не им е дадено]“.Сравнительный словарь тунгусо-маньчжурских языков. — Л.: Наука, 1977. — С. 49—51. (руски)
Атрибути на шаманот
Атрибути на шаманот при шамански обреди или други ритуали се ритуалната маска / покривката за глава, облеката, шаманските додатоци обдарени со мистична моќ, ѓерданот и тамбурата.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Шаманизам