Виноцвет () — род растенија од семејството на штитоцветните (Apiaceae). Највеќето видови растат на влажен терен како мочуришта или во вода.

Неколку видови се крајно отровни бидејќи содржат енантотоксин. Највеќе се издвојува шафрановиот виноцвет (O. crocata), кој живее на влажен мочурлив терен и личи на целер со корења како грст големи бели моркови. Листовите се безбедни за добитокот, но стеблата и (особено) корењата се многу поотровни. Еден корен е доволен да убие крава, а познати се и смртни случаи меѓу луѓето. Се смета за најотровното растение во Британија, and is considered particularly dangerous because of its similarity to several edible plants.

Јаванскиот виноцвет (O. javanica), наречен и кинески целер или јапонски магдонос се јаде, и се одгледува во неколку земји во источна Азија, како и во Италија и Индија. Се бере напролет и се користи како зеленчук.

Таксономија и именување Поимот „Oenanthe“ се употребува уште од стариот век, и тоа за разни растенија; едно од нив го опишал Диоскорид како растение со „бели цветови... и многу округли глави.“ Средновековните тревари погрешно го протолкувале како тажник или штитник. Веќе во XVIII век насекаде почнало да означува виноцвет. Карл Линеј во 1753 г. го формализирал како видово име во делото „Видови растенија“ (Species Plantarum).

Иако научното име (а со тоа и македонското) е добиено од старогрчките , „вино“ и , „цвет“, нивните цветови немаат врска со вино, освен тоа што некои подоцна претпоставувале дека тоа се однесува на нивниот мирис. or intoxication caused by these plants are probably mistaken.

Видови По сознанија од 2020 г. базата Plants of the World Online прифаќа 33 видови на виноцвет. Во Македонија се застапени 5 видови, тука обележани со .

Фосилни наоди Фосилни плодови на воден виноцвет се забележани од горниот миоцен во Бугарија, плиоценот во Тирингија (Германија) и плиоценот и плеистоценот во Полска.The Pliocene flora of Kholmech, south-eastern Belarus and its correlation with other Pliocene floras of Europe by Felix Yu. VELICHKEVICH and Ewa ZASTAWNIAK - Acta Palaeobotanica 43(2): 137–259, 2003

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј