Сандре Георгиев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис Роден е во 1883 г. во селото Опеница, Охридско, тогаш во Отоманското Царство. Стапил во ВМОРО и станал војвода на чета, со која учествувал во Илинденското востание во летото 1903 г. За време на востанието на 25 јули, заедно со четата на Андон Шибаков, тој се борел против турската војска кај Прентов Мост на патот Охрид–Ресен.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Учесници во Илинденското востание