мини|десно|300п|Кукуље
Кукуље — природна карпеста појава на падините на планината Средна.
Географија и местоположба Кукуље се наоѓа на околу 1,5 км од селото Нов Истевник, речиси на половина пат меѓу Делчево и Пехчево, на надморска височина од 880 м. Појавата е во должина од околу 200 м и се состои од околу 50 земјени пирамиди со височина до 15 м. Некои од пирамидите се целосно одвоени и наликуваат на човечки фигури (скаменети кукли) по што појавата го добила името, додека други се пворзани во вид на природни бедеми, куполи и тврдини.„Кукуље кај с. Нов Истевник “. Природа Пијанец-Малеш.
Геоморфологија Кулите се природна појава којашто настанала со вековна ерозија на трошните седиментни карпи, така што останале само поцврстите делови. Најистурените и најстарите пирамиди, сместени поблиску до долинското дно на Истевничкиот Поток, веќе се целосно обликувани. Над нив се наоѓаат помлади порамиди коишто сѐ уште се поврзани со седиментни гребени со кои заедно градат сложени облици коишто наликуваат на замоци и куполи. На тој начин, процесот се поместува нагоре по падините, што значи дека создавањето на пирамидите е активно и денес. Обликувањето на земјените пирамиди во Кукуље е тесно поврзано и со уништувањето на природната вегетација, како и длабокото всекување на Истевничкиот Поток во моќните седиментни слоеви.
Најистурените и најстари пирамиди, што се наоѓаат поблиску до долинското дно на Истевнички Поток, веќе се сосема оформени. Над нив се помлади пирамиди, сѐ уште поврзани со седиментни гребени со кои заедно градат сложени форми што наликуваат на замоци и куполи. Така, процесот се поместува нагоре по падините, што значи создавањето на пирамидите е активно и денес. Инаку, изградувањето на земјените пирамиди во Кукуље е тесно поврзано со уништување на природната вегетација, како и длабокото всекување на Истевнички Поток во моќните седиментни слоеви.„Кукоља“. Berovo Adventure.
Легенди Постојат бројни легенди и верувања за настанокот на кулите, коишто укажуваат дека се работи за скаменети сватови или свадбари кои направиле нечесна работа.
Туризам Во 2008 година, подрачјето било уредено и заградено од безбедносни причина, а направени се и неколку видиковци и патеки.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Карпести образби во Македонија Категорија:Нов Истевник