Кисело дрво (), познато и како смрдливо дрво — дрво што потекнува од северна и средна Кина, а во Европа е донесено во 18-тиот век како брзорастечко, украсно дрво. Се смета за инвазивен вид што брзо расте, лачи отровни материи кои го спречуваат растењето на други билки, создава илјадници семки и пушта нови млади стебла од коренот, уништивајќи ги месните екосистеми и оштетувајќи градби.

Киселото дрво е отпорно на суша, солена почва и разни загадувачи, вклучувајќи и отровни гасови како сулфур диоксид. Самото дрво произведува алелопатнa хемикалиja позната како аилантон, што е облик на природен хербицид што го попречува развојот на растенијата околу него.

Во Кина, киселото дрво наоѓа примена во народната алтернативна медицина; се користи и за огрев, за изработка на дрвени садови, како и во производството на високо-квалитетна „Шантунг” свила или „понџи”.

Надворешни врски

„Ни се заканува киселото дрво“, „Шумарите“, 2017. „Опасно дрво: Расте и до два метра годишно, ги уништува сите садници околу себе“, „Женски магазин“, 2026. Благој Николов, „Распространување на инвазивниот дрвенест вид Ailanthus altissima (Mill.) Swingle во Брегалничкиот регион“, 2019. Национална земјоделска библиотека на САД, National Invasive Species Information Center: species profile of Ailanthus altissima (Tree of Heaven)

Категорија:Инвазивни растенија Категорија:Сапуновидни Категорија:Флора на Азија