„Јагоди“ (руски: Ягоды) — расказ на рускиот писател Лав Толстој од 1906 година.

Содржина Дејствието на расказот се одвива во јули, во викенд-куќата на Николај Семјонович. Додека тој разговора со гостите за тековните политички прашања, неговиот син Гога лежи болен, откако претходниот ден се прејал јагоди. Истовремено, детето Тараска Резунов заминува во шумата да бере јагоди, заедно со неговите две сестри, Ољгушка и Гришка. Додека собираат јагоди, девојчињата ја среќаваат тетка им Акулина, која со себе го носи и малото дете Мишка. Набргу, Мишка исчезнува и загрижената Акулина го бара низ шумата, а во потрагата се вклучуваат и Ољгушка и Гришка. Најпосле, Ољгушка го пронаоѓа Мишка заспан во една грмушка. Потоа, двете сестри одат да се искапат во блиското езерце, заедно со другите девојчиња од селото, но разонодата им ја прекратуав дождот. Така, тие се принудени да се вратат дома, а оттаму одат кај Николај Семјонович за да ги продадат јагодите. Тој ги одбива девојчињата, но јагодите ги купува неговиот постар син Ваља.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 268-281.

Наводи

Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази