ФА Комјунити Шилд 2026 бил 104-тиот ФА Комјунити Шилд, годишен фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во двете најважни натпреварувања во англискиот фудбал: Премиер лигата и ФА купот. Учесници во ова издание одиграно на 16 август 2026 година на Стадионот Милениум во Кардиф, биле Арсенал и Манчестер Сити. Ова било првпат овој стадион да биде домаќин на натпревар за Комјунити Шилд по 2006 година. Ова било само третпат натпреварот да се игра надвор од Вембли, откако натпреварувањето се вратило таму во 2007, по шестгодишниот период во Кардиф.

Причината зошто натпреварот бил одигран во Кардиф, а не во Лондон, била поради тоа што на Вембли настапувал пејачот The Weeknd во рамките на неговата After Hours til Dawn Tour турнеја.

Бранител на титулата била екипата на Кристал Палас која го освоила изданието во 2025 година, но не се квалификувала за овој натпревар, откако биле елиминирани во третото коло на ФА купот од Маклесфилд и го завршиле првенството во Премиер лигата на 15. место на табелата.

Арсенал го добил натпреварот со 3–0, со што ја освоил својата 18-та титула во ФА Комјунити Шилд натпреварите. Тоа била нивната најубедлива победа во Комјунити Шилд во последните 12 години, кога исто така го совладале Манчестер Сити со идентичен резултат.

Натпреварот Детали

GK 1 Давид РајаRB 4 Бен ВајтCB 3 Кристијан МоскераCB 6 Габриел МагаљаешLB 33 Рикардо Калафјори CM 39 Бруно Гимараеш CM 49 Мајлс Луис-Скели RW 20 Нони Мадуеке AM 8 Мартин Едегор LW 17 Христос ЦолисCF 29 Каи Хаверц Замени:GK 13 Кепа АрисабалагаDF 5 Пјеро Инкапје MF 10 Еберечи Езе MF 23 Микел МериноMF 36 Мартин Субименди MF 41 Деклан Рајс FW 7 Букајо Сака FW 14 Виктор Ѓекереш FW 56 Макс ДауманМенаџер Микел Артета GK 1 Џанлујџи ДонарумаRB 45 Абдукодир ХусановCB 3 Рубен Дијаш CB 24 Јошко Гвардиол LB 33 Нико О'Рајли CM 5 Елиот Андерсон CM 8 Матео Ковачиќ RW 42 Антуан СемењоAM 47 Фил Фоден LW 11 Жереми Доку CF 9 Ерлинг Холанд Замени:GK 28 Херонимо РулиDF 6 Марк Гехи DF 21 Рајан Аит-НуриDF 82 Рико Луис MF 10 Рајан Шерки MF 14 Нико Гонсалес MF 18 Џек Грилиш MF 27 Матеуш НунешFW 7 Омар Мармуш Менаџер: Енцо Мареска

Играч на натпреварот:

Помошни судии: Крег Тејлор Блејк Антробас Четврти судија: Фарај Халам Video assistant referee: Џејмс Бел Помошни VAR судии: Тим ВудПравила на натпреварот 90 минути Пенали ако резултатот е нерешен Максимално 9 играчи на клупата, од кои 6 можат да бидат искористени.

Екипа победник Победник на ФА Комјунити Шилд 2026

Арсенал 18. титула

Наводи

Надворешни врски ФА Комјунити Шилд на сајтот на Фудбалската асоцијација на Англија

2026