Црна дудинка – Лесново — природна реткост единично стебло од црна дудинка (Morus nigra L) кое се наоѓа во Лесновскиот манастир, во селото Лесново, Општина Пробиштип.Со природната реткост управува Општина Пробиштип, а во име на општината, градоначалникот на Општина Пробиштип.
Во 1962 година, според Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, стеблото од црна дудинка во дворното место на Лесновскиот манастир било прогласено за споменик на природата.
Местоположба Дрвото се наоѓа на надморска височина од 876 м, на почетокот на селото Лесново, во заградениот двор на Лесновскиот манастир „Св. Гаврил Лесновски“.
Опис Денес, стеблото од дудинката поради својата старост е искривено и полегнато, но сè уште е здраво.
Крошната на дрвото е широка, куполаста со пречник од 10 до 12 м. Самото дрво е високо 8 до 9 м. Поради големата старост, главното стебло е делумно шупливо во внатрешноста, со длабоко избраздена, темна и лушпеста кора. Бидејќи примарните скелетни гранки се масивни и тешки, тие се спуштаат ниско кон земјата. Во поново време, за да се спречи кршење, поставени се дрвени и метални потпори под најкритичните гранки.
Секоја година во почетокот на летото, дрвото сè уште раѓа сочни, темнопурпурни до црни плодови со интензивен слатко-кисел вкус.
Проценка на староста Официјални податоци за староста на ова дрво не постојат. Стеблото на црна дудинка се смета за најстаро стебло на дудина во Македонија.
Според дендрохронолошките анализи дудинката е стара од 450 до 600 години,, а според некои преданија и повеќе од 600 години.
Поврзано Лесново Лесновски манастир Список на природни реткости во Македонија
Наводи
Категорија:Поединечни дрва во Македонија Категорија:Дудинки Категорија:Лесново Категорија:Природни реткости во Македонија Категорија:Флора на Македонија