Monotropa — род од пет видови тревести повеќегодишни цветни растенија. Родот порано бил класифициран во семејството Monotropaceae, а сега е класифициран во семејтвото вресови (Ericaceae). Тие се автохтони во умерените региони на Северната полутопка и генерално се ретки. За разлика од повеќето растенија, немаат хлорофил и затоа не можат да вршат фотосинтеза. Тие се микохетеротрофи, што значи дека до храна доаѓаат преку паразитирање на подземните габи. Бидејќи воопшто не им е потребна сончева светлина за преживување, овие растенија можат да виреат и на исклучително темни места, како што е тлото на густите и длабоки шуми. Името „Monotropa“ на грчки значи „едно виткање“, бидејќи секое растение прави еден карактеристичен голем свиток при самиот врв, поради што цутот е свиен надолу. Типскиот вид од овој род е Monotropa uniflora.
Опис Станува збор за сапрофитски тревести растенија без вистински листови и без хлорофил. Нивните листови се сведени на мали лушпи, приседнати и спирално распоредени долж стеблото. Цветовите се организирани во терминално гроздесто соцветие, кое во почетокот е свиено и виси надолу, а подоцна се исправува.
Самите цветови се четиричлени или петчлени и немаат чашка. Чашката отсуствува, а четирите или петте венчени ливчиња во основата се торбесто подуени. Антерите се отвораат со надолжни пукнатини, а поленовите зрна се слободни. Растението има едно столпче, додека плодникот е делумно (непотполно) четириделен или петделен.
Видови Родот моментално се состои од следниве пет видови: +Слика Видови Дистрибуција Белешкибезрамка|227x227пкс Monotropa brittonii Југоисточен дел од САД (од Северна Каролина до Флорида) Порано вклучен во M. uniflora, но се разликува по тоа што успева во посуви предели и паразитира специјално на габата Lactifluus deceptivus и неколку други видови Lactifluus. Цветовите се поединечни на секое стебло, кремасто бели до бледо резеви нијанси.безрамка|257x257пкс Monotropa callistoma Провинција Хунан, Кина Карактеристично по своите голи, двобојни ливчиња кои се портокалови на врвот, заедно со голи прашнички конци и наведната бобинка при созревањето. Собрано само од едно документирано место во Кина, за кое се сомнева дека се јавува и на друго место. Опишано во 2026 година.Wei, Ze; Liu, Li-Jia; Xuan, Jing; Mo, Zhi-Qiong; Ou Yang, Wen-Xiang; Liu, Bing; Li, Min; Wang, Qiang (2025). безрамка|227x227пкс Monotropa coccinea Мексико на југ преку Централна Америка до Колумбија Порано често се третирал како подвид на M. uniflora. Цветовите се поединечни на секое стебло, светло црвени.безрамка|188x188пкс Monotropa hypopitys Умерениот холарктички регион Цветовите се повеќекратни по стебло, бледо жолти до розови.безрамка|257x257пкс Monotropa uniflora Умерена Северна Америка и Источна Азија Цветовите се поединечни на секое стебло, бели. Сепак, одредени генетски докази сугерираат дека вака поставената рамка е парафилетска во однос на сродните родови Allotropa, Hemitomes, Monotropsis и Pityopus. Поради тоа, видот M. hypopitys треба да се издвои во посебен род, при што неговото официјално име станува Hypopitys monotropa Crantz. Главната очигледна разлика по која тој се издвојува од останатите видови во родот е тоа што формира повеќе цветови на едно стебло, за разлика од другите кои имаат само по еден цвет.
Поврзано Sarcodes Sarcodes
Надворешни врски
Flora of China: Monotropa
Наводи
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Паразитски растенија Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа