Geum coccineum е вид цветно растение од родот Geum, во семејството рози рози. По потекло од планините на Балканот и северна Турција, се одгледува и како украсно растение поради своите светло црвени цветови.

Номенклатура Во хортикултурата, некогаш се нарекува и Geum borisii, но во ботаничката литература според J. Келерер и Сунд, ова име се користи само за хибридот Geum bulgaricum × montanum. Самото име Geum coccineum се користи во градинарската литература за друго сродно растение: Geum quellyon, Geum chiloense.

Опис

Многугодишно тревесто растение со долг ризом. Стеблото обично поединечно, вертикално, 30-45 цм високо, разгрането во горниот дел, по површината со прости и повеќеклеточни жлездести влакна и со мал број листови. Базалните листови перести, 7-25 цм долги, осо долги дршки, густо препокриени со прилегнати влакна од обете страни, со 2-4 пара ливчиња и со едно терминално ливче. Терминалното ливче најголемо, скоро круглесто, 5-10 цм во пречник, со срцевидна основа, со 5-7 плитки лобуси, со напилени рабови. Помеѓу два пара од големи ливчиња е присутен еден пар од мали ливчиња, неправилно насечени и по работ напилени. Прилисниците сраснати во основата на лисната дршка. Стеблените листови јајцевидно-круглести до јајцевидно-елиптични, со куси дршки или приседнати, многу мали до половината или плитко насечени на 3 дела, а деловите остро напилени, прилисниците широко-јајцевидно-елиптични, напилени, во основата сраснати со лисната дршка. Соцветието со 2-4 цвета. Цветовите големи, 20-40 мм во пречник, исправени, со долги дршки. Дршките со густо расперени и жлездести влакна. Чашкините ливчиња 5, триаглесто-ланцетни, 10-12 мм долги, на врвот заострени, по површината со долги прости и многуклеточни жлездести влакна, по прецветувањето се свиткуваат надолу. Ливчињата на епикаликсот линејни, 2-3 пати покуси од чашкините ливчиња. Венечните ливчиња портокалово-црвени, расперени, обратно-јајцевидни до круглести, 10-18 мм широки, со куса клинеста основа. Прашниците и карпелите во голем број. Оревчињата кафеави, 3-4 мм долги со свиленести полурасперени влакна, рострумот 5-8 мм долг, со влакна само во базалниот дел, лачно искривен надолу, на врвот кукесто свиткан, а горниот дел на столпчето е тенок, долг и отпаѓа. Распространетост и живеалиште Растението може да се најде на влажни, мочурливи ливади и покрај потоци., . Damp forests also mentioned in .

Во Турција, растението се среќава на надморска височина од 1200–2400 метри на повеќе локалитети во Понтиските Планини (вклучувајќи ги Караѓол во покраината Гумушхане, Зигана во Трабзон и Џимил во Ризе), во областа Ерзурум, на планините Илгаз во покраината Кастамону, на Мурат Даг во Ќутахја и на Улудаг (Витиниски Олимп) во покраината Бурса.

Geum coccineum расте во планините на Бугарија (на надморска височина од 900–2300 м на Витоша, Верила, Средна Гора, Осогово, Рила, Пирин, Славјанка и западните и централните Родопи),Србија, Македонија и централна Босна и Херцеговина. Исто така, присутен е во Проклетие на Албанија и Црна Гора, во планините на источна Албанија, и северна Грција (на 1300–2000 м во северен Пинд и Варнус, Вици, Пиерија, Вермио, Пиперица, Кајмакчалан.

Се одгледува декоративно (со неколку сорти), а натурализиран е во изолирани области на Словенија и Саксонија.

Распространетост во Македонија Geum coccineum на територијата на Македонија расте по влажни и тресетни станишта во планините и покрај планинските реки и потоци. Познат е за планините Јакупица, Шар Планина, Бистра, Кораб, Јабланица, Пелистер, Ниџе, Кајмакчалан, Осоговски Планини, Гуштерица (Пехчево), Бабуна (планина) (Прилеп), Маврово - Мавровско Поле, Кожа, с. Врбен и Луково Поле.

Наводи

Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Македонија