Geum molle е вид на цветно растение од родот Geum во семејството рози. Повеќегодишно тревно растение кое расте на ливади, а потекнува од планините на Балканскиот Полуостров и Италија. Цвета со жолти цветови помеѓу јуни и август. [Mention of Kraishte, which does not appear in Asenov 1973.]

Распространетост Растението е домородно на неколку планини во јужна Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово (планинскиот масив Проклетие), најсевернаиот дел на Грција, источна и северна Албанија, западниот и северниот дел од Република Македонија, и западна Бугарија (на надморска височина од 1000–1800m во централна и западна Стара Планина, Витоша Краиште, Осоговски Планини, Рила, Пирин и западните Родопи). Во Италија, расте на расфрлани локации во централните и јужните Апенини: во Умбриско-маркиски Апенини, во Абруцо, Албурни во Кампанија, во близина на Монте Ариосо во Базиликата, и на Ла Сила во Калабрија. [Including Geum gasparrinii Pignatti.]

Опис Многугодишно тревесто растение со дебел ризом, кој на врвот е обвиен со црни остатоци од изумрени листови. Цветните стебленца вертикални, по неколку, 30-40 цм високи, во горниот дел разгранети, со густи, куси и долги прости и жлездести влакна. Базалните листови влакнести, со куси дршки, со 2-3 пара ливчиња, од кои средниот пар е со поголеми ливчиња од двата соседни пара; ливчињата со запци по работ; терминалното ливче скоро круглесто, 5-6 цм во пречник, во основата срцевидно, по работ напилено или пак поплитко или подлабоко насечено на 5 лобуси. Стеблените листови до основата триделни, страничните сегменти ланцетни и со напилени запци, а терминалниот сегмент е поголем и поширок, обично насечен на три дела, а во основата постепено клиновидно се стеснува; прилисниците големи, 12-20 mm долги, длабоко насечени на 3 остро напилени дела. Цветовите поединечни, 20-25 mm во пречник, исправени и со долги дршки; дршките со густи прости и жлездести влакна. Чашкините ливчиња широко-триаглесто-јајцевидни, со густи, прилегнати, прости влакна и многуклеточни жлездести влакна, а на внатрешната страна со густа влакнеста линија покрај работ. Ливчињата на епикаликсот ланцетни, целокрајни, поретко со по едно запче во основата или на врвот. Венечните ливчиња 10-12 мм долги, бледожолти, јајцевидни, расперени. Прашниците и плодните листови во голем број. Оревчињата со густи прилегнати влакна, а на грбот во горниот дел со долги, густи, бели влакна; долниот дел на столпчето (рострумот) црвеникав, гол, со ретки жлездести влакна во основата; горниот дел на столпчето краток, во поголемиот дел по површината со бели влакна (до 3/4).

Распространетост во Македонија Geum molle на територијата на Македонија расте по планински пасишта и на длабока почва од 1,200 до 1,800 м. надморска височина. Познат е за Шар Планина, Скопска Црна Гора, Бистра, Маврово - Кичица и Кожа, клисурата на Мавровска Река, Пелистер, Осоговски Планини, Голак (Делчево). Се посочува за Јакупица и Горна Радика.

Хибриди Хибридот Geum molle × Geum rivale, понекогаш познат како Geum pseudomolle, може да се најде во Црна Планина во источна Црна Гора, во Витоша во западна Бугарија, на други места. Geum molle × Geum coccineum е забележан во Витоша.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија