Arenaria leptoclados ― вид цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae. Тоа е едногодишно растение кое расте во Европа, западна и централна Азија и северна и источна Африка.
Опис Едногодишно растение високо 5-15 см, стебленцата вертикални , наведнати или полегнати, силно разгранети. Листовите се јајцевидни, 3-5 мм долги, на врвот заострени, со ретки куси четинести влакна. Цветовите се петочлени, групирани во ретко цимозно соцветие. Чашкините ливчиња се долги околу 3 мм, долги, на врвот заострени. Венечните ливчиња се бели.
Распространетост Автохтониот опсег на распространетоста на Arenaria leptoclados се протега од Макаронезија преку земјите од Медитеранскиот басен во јужна Европа и Северна Африка до источна Африка, Арапскиот Полуостров, Западна Азија и Кавказ, и Централна Азија до Сибир, Монголија и Пакистан, и преку Централна Европа до Украина и централноевропска Русија.
Во Македонија расте на цела територија по каменливи и песокливи места, напуштени ниви, покрај патишта, меѓи и други станишта на надморска височина до 1600 метри.
Наводи
Категорија:Флора на Монголија Категорија:Флора на Украина Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа