Наум Христов Спространов (Охрид, 1851 – Солун, 6 март 1887) — македонски дипломат, општественик и преродбеник.
Животопис Роден е во 1851 г. во градот Охрид, тогаш во Отоманското Царство. Произлегувал од големиот род Спространовци. На 7 април 1878 г. тој потпишал за Охридската епархија (заедно со Димитар Попов за Костурската и Мегленската, Козма Пречистански за Дебарската и архимандрит Теодосиј за Драмско-серската) барање до големиот кнез Николај Николаевич, во кое се отфрлаат тврдењата за грчкиот карактер на населението во Македонија и се бара влез на руски војници во регионот.Освобождение Болгарии от турецкого ига. Т. III, Москва, 1967, 79 – 80.
Тој станал драгоман во рускиот конзулат во Солун, предводен од Михаил Хитрово, со помошта на егзархискиот намесник Методиј Кусев. Наум ја стекнал целосната доверба на конзулот и станал главен известувач за случувањата во Македонија, а ги напишал и извештаите на конзулот до амбасадата во Цариград. Во Солун, Спространов исполнил повеќе задачи што му ги доверил егзархот Јосиф. Тој, исто така, го обезбедил помилувањето на Христо Бучков, кој бил испратен во егзил. Во 1882 година, Наум Спространов ја презел иницијативата да изработи устав за црковно-училишните општини во Македонија. Наредната 1883 г. е назначен за кнежевски дипломатски агент во Солун. Починал во 1887 г.
Наводи
Категорија:Македонски дипломати Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски преродбеници Категорија:Спространовци