Moehringia bavarica е тревесто цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae.

Во Македонија расте по варовнички карпи на надморска височина од 800 до 1200 метри. Познат е видот за клисурата на реката Радика и за планината Галичица.

Опис Ова е повеќегодишно тревесто растение, силно разгрането, распослано, високо 5-20 см. Гранчињата се тенки, речиси кончести, испреплетени, сивкави, голи. Листовите се долги до 20 мм, на врвот зашилени, со една до три нејасни жили, дебели, месести, голи. Цветовите се петочлени, поединечни или по неколку во цимозно соцветие. Венечните ливчиња се подолги од чашката.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија