Minuartia bosniaca е ендемско растение на Источните Динарски Планини. Припаѓа на семејството каранфили, Caryophyllaceae.
Опис Ова е повеќегодишно растение, високо 15-20 см, од основата силно разгрането со многубројни збиени, куси, стерилни цветни гранчиња, кои се вертикални. Листовите на гранчињата збиени и собрани во снопчиња. Цветовите се групирани во цимозни соцветија. Чашкините ливчиња се долги 3-4 мм, на врвот зашилени.
Распространетост Ова растение расте на варовнички и серпентиниски карпести насади и суви карпести пасишта, поголемиот дел од субалпската зона на вегетација. Тоа е екстремно хелиофитски тип. Ограничено е како ендемит на Југоисточните Динариди (Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија), како и во Северна Албанија и Македонија.
Во Македонија расте по суви варовнички каменливи почви и камењари. Видот е познат само за Маврово, Маврови Анови. Во минатото се посочува дека е виден во околината на Штип (1940 година), Галичица (1943 година) и Охрид (1968 година).
Наводи
Надворешни врски
http://www.catalogueoflife.org/col/details/species/id/16880324 catalogueoflife.org
Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Босна и Херцеговина Категорија:Флора на Македонија