Црква „Св. Вознесение Христово“ - Криволак — единствена црква во селото Криволак, во Општина Неготино. Црквата се наоѓа на влезот на селото, над самиот пат, обрабена со зимнозелени дрвја. Покрај самата црква се сместени и селските гробишта, каде се наоѓал параклис, кој долго време служел како единствен верски објект во селото.
После 20 годишна изградба црквата е осветена во 2006 година после посетата и чиноначалствувањето на владиците Тимотеј и Петар. Сѐ уште во изградба се трпезаријата и крстилницата. За време на патрониот празник Спасовден се делат ручек и вечераСпоред кажување на жители на Криволак. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Никола Цибрев на 10.04.2015.
Галерија
Поврзано Кавадаречко архијерејско намесништво Тимјаничка парохија Криволак
Наводи
Надворешни врски
Црква „Св. Спас“ на страницата на Повардарската епархија
Криволак Категорија:Македонската архитектура во 2000 година