Свети Никола — главна селска црква во демиркапиското село Клисура, Македонија.

Црквата се наоѓа во некогашното Средно Маало, а над нејзе се простира познатата Долина на кактусите.

Местоположба

Црквата е сместена источно од селото, во негова непосредна близина. До црквата може да се стигне преку асфалтен пат, кој започнува од самото сретсело во Клисура.

Историја

Црквата била подигната во век.

Архитектура

Архитектонски, црквата е трикорабна со голема олтарна апсида на источната страна и дрвени таваници поставени во трите кораби. Средишниот кораб се надвишува над страничните. Таваниците се украсени со црвено-сива боја. Корабите се создадени со два реда колони кои меѓусебно се поврзани со лакови. На западната страна од црквата е изградена галерија. Главниот влез на црквата е од јужната страна, а има и од западната страна. Од јужната и западната страна црквата има отворени тремови и камбанарија. Фрескоживопис

Црквата била фрескоживописана во 1879 година, што е испишано на натписот на фреско-малтерот над јужната врата од надворешната страна на црквата. Живописот бил изработен од браќата Вангел, Никола и Коста Анастасови од Крушево.

Галерија

Поврзано Кавадаречко архијерејско намесништво Демиркаписка парохија Клисура

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Клисура (Демиркаписко) Клисура