Свети Архангел Михаил — главна селска црква во кавадаречкото село Ресава.
Таа се наоѓа во самото село, сместена на главниот пат, кој води кон селото Бегниште.
Историја
мини|лево|Ктиторскиот натпис на црквата
Црквата започнала да се гради во 1837 година.
Црквата била подигната во 1840 година, што се дознава од записот испишан на амвонот:
Архитектура
Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна со големи димензии и припрата на западната страна. Сводовите на трите кораби се покриени со дрвена таваница. Црквата има два влеза и тоа од северната и западната страна.
Внатрешноста на црквата е осветлена со по три прозорци на јужната и северната страна.
Фрескоживопис
Црквата имала и ран живопис со нејзината изградба, пред да биде насликана повторно.
Целата површина на црквата е покриена со фрески. За зографисувањето на црквата се дознава дека е извршено на 6 јуни 1881 година, од натписот над северниот влез во црквата од внатрешната страна, каде што се вели дека зографи се браќата од Крушево: Вангел, Никола и Коста.
На северниот ѕид во првата зона се насликани стоечки фигури во цел раст. Во втората зона се зографисани следните композиции: Каменувањето на Св. Стефан, Исцеление на слепиот, Преображение Христово и други. На јужниот ѕид нема фрески, бидејќи сѐ е варосано. Во втората зона се насликани композициите: Рождество на Св. Јован Претеча и Гозбата на царот Ирод.
Галерија
Поврзано Ресава Повардарска епархија Кавадаречко архијерејско намесништво Маренска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ресава Ресава