Свети Ѓорѓи — главна црква во валандовското село Пирава, а воедно и парохиски храм на Пиравската парохија.

Местоположба

мини|300п|лево|Црквата во 1931 година

Црквата се наоѓа во самото село Пирава, сместена непосредно до самото сретсело.

Историја

Црквата е изградена по земјотресот од 1931 година, во периодот од 1932 до 1934 г. Реновирана е во 1994 година и осветена е од тоашниот поглавар на МПЦ, г.г. Михаил.

Архитектура

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм. Куполата, која е со осумстран тамбур, се потпира на четири пиластри поврзани со лакови. Нартексот на црквата е засводен со попречен свод на две води. Меѓу првата припрата и куполата се издига камбанаријата. Таа е свртена кон запад и е опремена со голема камбана. На источната страна, храмот завршува со апсида која е тешко приемлива. Црквата има оградено дворно место и два влеза - од северната и од јужната страна.

Над главниот влез од црквата има витраж на кој е прикажан Свети Ѓорѓи како го убива аждерот.

Иконостас

Иконостасот во внатрешноста на црквата го сочинуваат стари и нови икони кои потекнуваат од почетокот на XX век. Тој е изработен во времето кога се подигала црквата, а иконите ги насликал познатиот зограф Димитар Папрадишки.

Галерија

Поврзано Пирава Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Пиравска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Пирава Пирава Категорија:Дела на Дебарската школа