Ривинова темјанушка (науч: Viola riviniana) — вид повеќегодишно цветно растение од семејството темјанушки, домородно на Евроазија и Африка.
Расте до 10 см висина и 50 см ширина, ова повеќегодишно растение има темнозелени, срцевидни лисја и произведува повеќе виолетови цветови во мај и јуни.
Ривинова темјанушка била прогласена за национален цвет на Линколншир во 2002 година, по анкета на добротворната организација за заштита на диви растенија Plantlife.Plantlife website County Flowers page
Распространетост Ривиновата темјанушка е распространета во Европа, Северна Африка и западна Азија во региони со медитеранска, умерена и поморска клима. Растението претпочита сончеви и добро осветлени места. Расте во суви, минерално богати почви, во тревни чистини, ливади, меѓу грмушки и на рабовите на отворени шуми. Се наоѓа во сите почви освен во кисели или многу влажни. Честа појава е во ИрскаWebb, D.A., Parnell, J., and Doogue, D. 1996. An Irish Flora. University Press. и сите Британски острови.Clapham, A.R., Tutin, T.G. and Warburg, E.F. 1968. Excursion Flora of the British Isles. Cambridge University Press.
Екологија Ривиновата темјанушка служи како храна на пеперутките: пролетна седефка, мала бисерна седефка, обичната седефка и темјанушкина седефка.
Растението е познат домаќин на патогената габа Puccinia violae.
Слични видови
Мирислива темјанушка Кучешка темјанушка Viola palustris Viola labradorica – V. riviniana понекогаш се продава во расадници како V. labradorica.
Хибриди Овој вид се хибридизира со Viola reichenbachiana за да се произведе Viola × bavarica.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Обединетото Кралство Категорија:Флора на Велс Категорија:Флора на Русија Категорија:Флора на Шведска Категорија:Флора на Финска Категорија:Флора на Европа Категорија:Темјанушка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора