Herniaria incana е растение од фамилијата каранфили.

Опис Многугодишно растение со перничести или грмушковиден облик поради повеќекратно разгранување на гранчињата, а стеблото во основата е здебелено и разгрането. Гранчињата се 5-20 см долги, прилегнати, сивкаво зелени, со густи и куси расперени четинести влакна. Листовите се долги до 10 мм, тесно јајцевидни или ланцетни, прилисниците се триаглести, а цветовите со многу куса дршка, 1,5-2 мм долги, групирани во топчести соцветија. Чашкините ливчиња се пет, слободни, јајцевидно ланцетни, сивозелени, на врвот заострени.Кирил Мицевски:Флора на Република Македонија, Том 1, св. 2, МАНУ, Скопје, 1993, стр. 290

Подвидови

Прифатени се следниве подвидови:

H. i. incana H. i. pauciflora

Во Македонија Во Македонија расте по тревести места, брдски и планински пасишта, камењари, меѓи и покрај патишта до 1500 метри надморска височина. Ова е широко распространето растение низ Македонија.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија