Parnassia palustris е скриеносемено растение од фамилијата Celastraceae.

Опис Повеќегодишно голо тревесто растение, до 30 цм високо, со листови собрани во основата. Базалните листови јајцевидни до круглести, во основата обично срцевидни, на врвот тапи или заострени. Лисните дршки 2-4-пати подолги од ламината. Стеблото без или со еден приседнат лист кој го обвива стеблото со срцевидната основа. Цветните стебленца поединечни или по неколку заедно, секогаш со по еден цвет. Цветот до 30 мм во пречник. Чашкините ливчиња ланцетни, зелени. Венечните ливчиња бели, јајцевидни до долгнавести, со вдлабнати паралелни спроводни жили. Прашниците 5. Стаминодиумите 5, надолжно насечени, со жолтеникави жлезди на врвот. Кутијката јајцевидна, со 4 жига, распукнува на 4 дела.

Опсег и распространетост Parnassia palustris е по потекло од северните умерени делови на Евроазија каде што се среќава во мочуришта. Сега е изумрен во Алжир.

Сорти Прифатени се три варијанти.

Parnassia palustris var. izuinsularis – Острови Изу Parnassia palustris var. palustris – северна умерена и планинска Евроазија и Северна Америка Parnassia palustris var. yakusimensis – остров Јакушима

Употреба мини| Видено на планината Онтаке, Отаки, префектурата Нагано, Јапонија Некогаш се користел во хербални лекови, за лекување на нарушувања на црниот дроб. Инфузија од листовите (слична на чај) се користела и за лекување на диспепсија. Кога се додаваат во вино или вода, се тврди дека листовите ги раствораат бубрежните камења.

Распотранетост во Македонија Parnassia palustris на територијата на Македонија расте по влажни или блатни станишта, тресетишта и покрај планинските потоци.

Широко распространето растение по сите планини, и тоа: Јакупица; Китка; Скопска Црна Гора; Шар Планина; Рудока; Бистра; Кораб; Дешат - Крчин; Мавровско - Луково Поле; Јабланица; Пелистер; Ниџе; Кожуф; Дудица; Козјак - Прилеп; Осогово; Огражден; Беласица и др.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Турција Категорија:Флора на Таџикистан Категорија:Флора на Русија Категорија:Флора на Пакистан Категорија:Флора на Мароко Категорија:Флора на Монголија Категорија:Флора на Киргистан Категорија:Флора на Казахстан Категорија:Флора на Јапонија Категорија:Флора на Ирак Категорија:Флора на Иран Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Канада Категорија:Флора на Авганистан Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија