Планинарски дом „Малотино“ — поранешен планинарски дом во кумановското село Малотино, сместен на планината Козјак во ридско-планинската област Козјачија.
Местоположба
Домот се наоѓа во старата зграда на училиштето во селото Малотино, сместен во Доденско Маало. Во непосредна близина на домот се наоѓа споменик на НОБ за основањето на Козјачкиот партизански одред.
Историја
Планинарскиот дом заедно со околни 15 објекти, главно куќи, плевни и помошни простории, изгореле во голем шумски пожар на македонско-српската граница во 2011 година.
Управа
Со планинарскиот дом управувало планинарското друштво „Козјак“ од Куманово. Додека работел, домот поседувал 18 кревети.
Поврзано Планинарски домови во Македонија Малотино
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Планинарски домови во Македонија Категорија:Малотино