„Што сонував“ — расказ на рускиот писател Лав Толстој.
Содржина Кнезот Михаил Иванович Ш. го посетува својот брат во еден мал град во кој пред некое време се доселила неговата ќерка Лиза. Таа е убава девојка која ужива во материјалните задоволства, но по неколку години таквиот живот ѝ станува здодевен и заминува во посета на тетка ѝ во Финска. Таму, Лиза запознава еден Швеѓанец и се заљубува во него, но тој набргу ја напушта. Тогаш, таа се враќа дома, но кога открива дека е бремена, бега од домот и се населува во малиот град, заедно со своето бебе. Кнезот е со повреден гордост поради вонбрачното дете на својата омилена ќерка, а во градот доаѓа со намера да остави пари за нејзиното издржување, но никако не сака да ја види ќерка си. Непосредно пред да се врати дома, кнезот оди на мала прошетка во градскиот парк, а оттаму заминува во куќата во која живее Лиза. По средбата со неа, кнезот ѝ простува, а потоа ја преместува во едно село и често ја посетува, сакајќи исто како во минатото, но и понатаму одбива да го види нејзиното дете.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 354-368.
Наводи
Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази