Свети Никола — главна селска црква во кумановското село Облавце, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во Лукарско Маало, а околу нејзе се сместени селските гробишта.
Историја
Претходно, на местото на денешната црква, имало ѕидови од стара црква. Денешната црква била изградена по Првата светска војна.
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна. На фасадата се употребени клесани камени блокови. Околината на црквата не е одржувана, поради што делови од нејзе и од селските гробишта се обраснати со вегетација. Самата црква има задолителна состојба, иако на западната фасада се забележуваат вертикални пукнатини, а од северозападната аголна страна видно е извесно слегнување на теренот.
Фрескоживопис
Црквата не е насликана во внатрешноста и таа внатре е малтерисана и варосана во бела боја.
Галерија
Поврзано Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Карпинско-жегљанска парохија Облавце
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Облавце