Свети Георги Победоносец — православна црква во велешкото село Отовица. Темелите на црквата биле поставени и осветени на 3 јуни 2007 година. Црквата претставува домашната црква-параклис во семејната куќа на семејството Брезеви. Ктитор на храмот е Ѓоре Брезев. Строител на црквата бил мајстор Крсте со неговата тајфа од Мала Преспа, а фрескоживописот е дело на зографот Гоце Василевски од Велес.
Црквата била осветена на 23 септември 2017 година.Осветување на параклис „Св. Ѓорѓи“ Наводи
Категорија:Отовица Категорија:Македонската архитектура во 2007 година Отовица