Dianthus nudiflorus, синоним Velezia rigida, е вид цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae. Потекнува од земјите од Медитеранскиот басен во Европа и Северна Африка, како и од западна и централна Азија и Пакистан. Исто така, присутен е во северна Калифорнија каде што е воведен вид.
Во Македонија расте по брдски пасишта, каменливи и еродирани почви, главно врз варовничка подлога. Претставува многу често растение.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 390
Опис Тоа е едногодишна билка која расте од корен, и произведува влакнесто, жлездесто, разгрането зелено или виолетово стебло високо до 40 сантиметри. Линеарните листови се долги до 2 сантиметри. Осамени цветови се јавуваат во лисните оски. Секој цвет има многу долга, цилиндрична, ребреста чашка од споени чашкини ливчиња кои го формираат цевчестото грло на цветот, со должина од најмалку еден сантиметар. На врвот се наоѓа цветната корола која има пет розови или виолетови ливчиња.
Таксономија Видот првпат го опишал Карл Линеј во 1753 година како Velezia rigida. Молекуларните филогенетски анализи од 2010 година па наваму покажаа дека родот Dianthus е монофилетичен само ако е вклучена и Velezia. Velezia rigida е формално вклучена во Dianthus во 2018 година, под новото име Dianthus nudiflorus. Името Dianthus rigidus веќе се користело за друг вид.
Наводи
Надворешни врски
Рачен третман на Џепсон Профил на растенија од USDA Флора на Северна Америка Фото галерија
Категорија:Каранфил Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија