мини| Kochia scoparia Kochia e синоним за родот Bassia, кој припаѓа на подсемејството Camphorosmoideae од семејството Amaranthaceae.
Два американски вида традиционално вклучени во Kochia сега се дел од родот Neokochia: Neokochia americana и Neokochia californica.
Опис Едногодишни тревести или повеќегодишни грмушести растенија, влакнести, влакната мазни или по површината со многу мали тенки брадавичести израслинки. Листовите последователни, приседнати, линејно-кончести или ланцетни и плоскати. Цветовите хермафродитни или еднополни и без брактеоли, поединечни или во групи во пазувите на брактеите кои се истоветни со листовите, формирајќи долги класовидни соцветија. Перијантот топчест, со 5 ливчиња сраснати до половината, свртени навнатре и го обвиваат плодот, а на грбната страна им се развиваат лепезести или крилести израстоци. Прашниците 5. Столпчето со 2 кончести жига. Плодот хоризонтален (вертикално сплеснат).
K. scoparia - Многугодишно грмушесто растение со задрвенет базален дел K. prostrata - Едногодишно тревесто растение
Наводи
Категорија:Штирови Категорија:Флора на Македонија