Вернон Ахмадџијан (19 мај 1930-13 март 2012) ― истакнат професор на Универзитетот Кларк во Вустер, Масачусетс. Тој се специјализирал во симбиозата на лишаите и напишал неколку книги и бројни публикации на оваа тема.
Кариера Ахмадџијан бил роден на 19 мај 1930 година во Витинсвил, Масачусетс. Откако дипломирал во 1952 година на Универзитетот Кларк, Ахмадџијан служел 2 години во Армијата на Соединетите Американски Држави во Борбениот медицински корпус за време на корејската војна. По враќањето во цивилниот живот, Ахмадџијан ги продолжил студиите на Кларк, добивајќи магистерска титула во 1956, а потоа докторирал на Универзитетот Харвард во 1960 година.
Поради неговата работа на терен за лишаи во 1960-ти години работел на станицата МекМурдо на Антарктикот, Националната научна фондација му го доделила Антарктичкиот медал во 1967, а на еден врв во планинскиот венец Кралица Александрија на Трансантарктичките планини му го дала името „Врв Ахмаџијан“.
Во 1996, Ахмадџијан бил награден од Меѓународната асоцијација за лихенологија со Ахариус медал за извонредно истражување во областа на лихенологијата.
Ахмадџијан го вовел терминот „хлоролихен“ во 1989 за да ги опише лишаите со фотобионти на зелени алги, создавајќи јасен терминолошки пандан на „цијанолихен“ (за лишаи со цијанобактериски фотобионти). Тој првпат го употребил терминот во труд за лишајни бионти, пишувајќи„ синтетизирани се доволен број видови лишаи со зелени фотобионти (хлоролихени)“, а подоцна го употребил во својата книга Симбиозата на лишаите од 1993. Оваа терминологија стана широко прифатена во лихенологијата за разликување помеѓу овие 2 фундаментални типа на лишаинска симбиоза.
Влијанието на Ахмадџијан врз полето на лихенологијата се проширило и надвор од неговите директни истражувачки придонеси. Во 1995, тој објавил текст во Биосајанс во кој наведува дека лишаите се доминантен организам во 8 проценти од копнените живеалишта на Земјата, припишувајќи ја оваа статистика на Даглас В. Ларсон. Ова тврдење, иако не е поткрепено со емпириски докази, станало широко цитирано и во академската литература и во популарните медиуми. Студија од 2024, спроведена од Дротос и сор. го проследил потеклото на оваа статистика, откривајќи дека станувало збор за неоснована проценка што се проширила низ научната литература без критичка евалуација. Студијата открила 76 академски статии и 37 популарни медиумски прилози кои повторуваат варијации на ова тврдење, истакнувајќи ја важноста на ригорозните практики на цитирање во научната комуникација.
Ахмадџијан починал на 13 март 2012 година, во Фалмут, Масачусетс.
Книги
Ахмадџијан, Вернон. 1967 година. Симбиоза на лишаи. Издавачка куќа „Блејсдел“, Волтам, Масачусетс., 152 страници. Ахмадџијан, Вернон. 1993 година. Симбиоза на лишаи. Џон Вајли и синови, Инк., Њујорк, 250 страници. ISBN 0-471-57885-1 Ахмадџијан, В. и С. Парасер. 1986 година. Симбиоза: Вовед во биолошките асоцијации. Хановер, Њу Хемпшир, Универзитетски печат на Нова Англија, 212 страници. Парасер, Суриндар и Вернон Ахмаџијан. 2000 година. Симбиоза, вовед во биолошките асоцијации. Второ издание. Оксфорд Универзити Прес,. Надворешни врски
Вернон Ахмаџијан – награден со Ахариус медал (Биографија) Archived Фотографија од Вернон Ахмадџијан Биологија на симбиоза
Наводи
Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Починати во 2012 година Категорија:Родени во 1930 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки