Џон Роберт Акеројд (1952) ― британски ботаничар.

Живот и работа Образован на Универзитетот „Сент Ендру“, тој продолжил на Универзитетот во Кембриџ за докторат на тема еколошка генетика на плевелите. Неговата постдокторска работа била на колеџот Тринити во Даблин (1979 – 1981), а потоа на Универзитетот во Рединг, Оддел за растителни науки, како постдокторски соработник (1981 – 1999). Во Рединг работел на Флора Европеа. Тој го наследил Вилијам Стерн како уредник на Аналите на музејот Гуландрис во 1999, а исто така и како уредник на Ватсонија. Бил потпретседател на Ботаничкото друштво на Британија и Ирска. Таму бил судија за Polygonaceae, а исто така работел и во Комитетот за состаноци и публикации. Тој често пишува популарни статии за заштита и ботаника и е ко - основач на списанието за заштита „Плент ток“ (анг: Plant Talk) поврзано со проектот „Еден“. Тој исто така е познат и по своите кулинарски вештини.

Акеројд собирал растенија од Медитеранот и Ирска и придонел за хербариумот во Рединг. Бил избран за член на Линејското друштво во 1982.

Избрани публикации

Akeroyd, John (2008). A Beginner's Guide to Ireland's Wild Flowers. Sherkin Island Marine Station. ISBN 9781870492232. Дивите растенија на Шеркин, Кејп Клир и соседните острови во Западен Корк. Sherkin Island Marine Station (1996).

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1952 година Категорија:Статии со hCards

Категорија:Британски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки