Хенри Кренк Ендрјус (околу 1759 – 1835) ― англиски ботаничар, ботанички уметник и гравер. Бидејќи секогаш се потпишувал и ги објавувал своите дела како Хенри Ц. Ендрјус.
Тој живеел во Најтсбриџ и бил оженет со Ана Кенеди, ќерка на Џон Кенеди од Хамерсмит, сопственик на расадник за растенија, кој му помагал на Ендрјус при описувањето на растенијата што ги илустрирал.
Тој бил исклучително умешен и необичен ботанички уметник, бидејќи не бил само уметник, туку истовремено бил и гравер, колорист и издавач на своите книги, во време кога повеќето уметници биле ангажирани само за изработка на илустрациите. Ризница на ботаничарот било неговото прво објавено дело. Излегувало сериски во Лондон, во десет тома, во периодот од 1797 до 1812 година. Ризницата, со цена од половина круна по издание, им овозможувало достапни илустрации на растенија на сè поголемиот број аматерски градинари во Британија. Ова бил првиот сериозен конкурент на публикацијата на Кралски ботанички градини во Кју. Можеби не изненадува фактот што В. Ботинг Хемсли, ботаничар кој бил вработен во Кју, бил критички настроен кон квалитетот на 664-те обоени табли на Ендрјус во Ризница на ботаничарот:„Цртежот е обично прилично добар, иако не е еднаков на некои од подоцнежните дела на овој уметник... Нема претензии да се даде каква било анализа на цвеќињата, но тие самите често се неточни и генерално несоодветни за да бидат од каква било ботаничка употреба. Описниот дел е исто така нееднаков, а синонимноста е целосно исклучена. Сепак, Ризницата во една смисла е супериорна во однос на Ботаничкото списание од тоа време, бидејќи поголемиот дел од растенијата што се појавуваат биле од неодамнешно воведување.“ За главно дело на Ендрјус се смета Обоени гравири на видови врес, објавено во четири тома во периодот од 1794 до 1830 година. Делото се занимавало со бројните видови од родот врес кои биле донесени во Велика Британија од Јужна Африка во почетокот и средината на 19 век, што довело до појавата на она што во британското градинарство било наречено „манија по Erica“.
Според извештаите, Хенри Ендрус го нарекол австралиското цветно растение Кореа по португалскиот ботаничар и полимат, Хозе Франциско Кореа да Сера, кој живеел во егзил во Англија од 1795 до 1797 година и кој истражувал со нивниот заеднички колега Џозеф Бенкс.
Според едно современо соопштение, Ендрјус исто така им предавал на приватни ученици цртање според природата и техника на офорт.
Публикации
Ризница на ботаничарот, со гравури во боја на нови и ретки растенија (Лондон, 1797–1812; 10 тома) Обоени гравири на видови врес 1794–1830 (4 тома) „Хетери“ 1804–1812 (6 тома) Гераниуми или монографија на родот Гераниум (Лондон, 1805–1806; 2 тома) Рози 1805–1828
Наводи
Надворешни врски
Coloured Engravings of Heaths 1794–1830 (4 vols.)
Категорија:Починати во 1830 година Категорија:Родени во 1750-тите Категорија:Статии со hCards Категорија:Англиски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки