Иса Ирмгард Дегенер, (27 април 1924,Берлин–13 април 2018, Вајалуа, Хаваи) — германско-американски колекционер на растенија и ботаничар, специјализирана за агростологија.Таа е позната како коавторка на „Флората на Хаваи“.
Иса Хансен студирала ботаника на Хумболтов универзитет и работела таму како асистент на Херман Ото Шлојмер и Ерих Вердерман. Подоцна работела во Берлинската ботаничка градина и се специјализирала за треви. Во 1952 година таа се запознала со Ото Дегенер, кој дошол во Берлин во потрага по експерт за трева. Тие започнале преписка и се венчале во јануари 1953 година. Двојката работела заедно, собирале ботанички примероци на Хавајските Острови. Тие, исто така, направиле важна експедиција во Полинезија. Ото и Иса Дегенер биле поврзани со Њујоршката ботаничка градина многу години.Њујоршката ботаничка градина го назначи Ото Дегенер за соработник на Хавајската ботаника во 1935 година, а Иса Дегенер за почесен соработник на Хавајската ботаника во 1975 година.
Во 1964 година, Ото и Иса Дегенер отишле на патување низ целиот свет. Тие патувале низ јужна Јапонија, Индија, Египет, Турција и Грција. Во Европа тие ги посетиле роднините, ги проучувале хавајските ботанички примероци во Природонаучниот музеј во Виена и отишле во Единбург на 10-тиот Меѓународен ботанички конгрес.Преку Португалија и Шпанија, тие отишле во Њујорк, каде што Ото Вегенер работел во Ботаничката градина во Њујорк пред да се вратат во својот дом лоциран на плажата Мокулеја.
Њујоршката ботаничка градина го има поголемиот дел од нивниот хербариумски материјал. Хавајскиот државен Сенат ги пофалил Дегенерите за нивната работа за зачувување.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет Категорија:Починати во 2018 година Категорија:Родени во 1924 година Категорија:Германски ботаничари Категорија:Американски ботаничари