Милка Синадиновска Коробарева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Од октомври 1941 година активно учествувала во заднината на НОД во Штип. Опфаќала младинци во СКОЈ организацијата, собирала помош и оружје. Во нејзината куќа престојувале илегалци и се одржувале состаноци.
Во август 1943 година била затворена. Од Штип, заедно со својот брат и други затвореници, била одведена во Велес, а потоа во Скопје. Поради немање докази наскоро била ослободена. По враќањето во Штип веднаш се поврзала со организацијата.
Во 1944 година станала борец во ПО на Плачковица. Веднаш била префрлена на политичка работа во Штипска околија, каде работела на формирање НОО. По ослободувањето на Штип од фашизмот била избрана за член на МК КПМ — Штип и секретар на СКОЈ.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ