мини| Димитрие БранџаДимитрие Бранџа (р. , Вишоара, Ботошан — п. , Сланиќ-Молдова) — романски ботаничар. Тој ја основал Букурешката ботаничка градина, која сега е именувана во негова чест.

Бранџа е роден во Вишоара, округот Ботошан. По студирањето на Академија Михаилеана во Јаш, тој докторирал на Универзитетот во Париз во 1869 година. Бил професор на Универзитетот во Јаш и на Универзитетот во Букурешт. Во 1879 година бил избран за титуларен член на Романската академија.

Починал во Сланиќ-Молдова и бил погребан на гробиштата Белу, во Букурешт.

Таксони именувани во негова чест Постојат голем број растенија именувани во чест на него со специфичниот ботанички епитет brandzae. Вклучувајќи ги; Iris brandzae, Agropyron brandzae и Verbascum glabratum subsp. brandzae.

Исто така, именувана е и една школка од семејството Unionidae, Potomida brandzae.

Наводи

Надворешни врски

„Кратка биографија“

Категорија:Романски ботаничари Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет Категорија:Починати во 1895 година Категорија:Родени во 1846 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки