Франц Буксбаум (анг: Franz Buxbaum; р. , Либенау, Грац – п. ) — австриски ботаничар, кој специализирал во кактуси и нивната таксономија, (како и на семејството лилјани) и исто така бил професор на Грацкиот универзитет. Тој бил еден од основачите на Меѓународната организација за проучување на сукулентни растенија.
Биографија Основното и средното образование ги завршил во Грац, а во зимата 1918–1919 година се запишал на Филозофскиот факултет при тамошниот универзитет. Три години подоцна, во 1921 година, почнал да работи како асистент во ботаничката градина на Институтот за систематска ботаника. Од тој период па сè до крајот на животот, неговата кариера била посветена на ботаниката. Со проучување на кактусите почнал да се занимава во средината на 1920-тите години. По основањето на IOS (Меѓународна организација за проучување на сукулентни растенија) во 1950 година, Франц Буксбаум ги посетил Соединетите Држави. Токму по овие патувања во САД и теренската работа во Калифорнија и Аризона, Буксбаум ја напишал книгата Одгледување кактуси врз основа на биологијата (Cactus Culture Based on Biology).
Франц Буксбаум бил првиот што ја засновал таксономијата на кактусите врз основа на структурата и испитувањето на семињата. Тој долги години спроведувал морфолошки истражувања на кактусите, чии резултати биле претставени во неговата монографија Морфологија на кактусите. Во текот на својата долга научна кариера, Буксбаум објавил 343 научни трудови.
Научна дејност Франц Буксбаум опишал 13 нови родови на кактуси:
Leptocladodia
Mammilloydia
Praecereus
Pseudomammillaria
Pseudopilocereus
Rapicactus
Espostoopsis
Oehmea
Turbinicarpus
Buiningia
Cumarinia
Normanbokea
Ebnerella
Наводи
Категорија:Починати во 1979 година Категорија:Родени во 1900 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Австриски ботаничари