Марија А. Коробар ( во — во ) — учесник во револуционерното и социјалистичкото движење во Македонија, а подоцна и во НОВ.

Животопис Како ученичка во Солунската гимназија активно се вклучила во револуционерното движење. По враќањето во Велес станала дел од социјалистичкото движење, работела на просветното и политичкото образование на жените и била прв претседател на женската организација во градот, која водела борба за правата на жената.

Во 1908 година, поради нејзината активност, и била забранета учителската работа по барање на бугарскиот егзархиски владика. Сепак, продолжила активно да работи во ослободителното движење на македонскиот народ.

Меѓу двете светски војни била присутна во редовите на напредното работничко движење. По окупацијата на Македонија се ставила на располагање на партиската организација во Велес и активно учествувала во борбата против бугарската пропаганда. Нејзиниот дом бил засолниште за борците од НОВ.

Била член на Првото заседание на АСНОМ и член на Главниот одбор на АФЖ на Македонија. Избрана е за претседател на женското антифашистичко движење „Надежда“ и ја спроведувала линијата на КПМ.

Поврзано

Вера Коробар

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ