Хенри Бике (анг: Henry Beeke; р. , Кингстајнтон, Девон – п. , Торки, Девон) — англиски историчар, теолог, оданочувачки и финансиски писател и ботаничар. На Бике му се припишува помагањето во воведувањето на првиот современ данок на доход во светот.

Кариера Бике бил избран за стипендист на Корпус Кристи, Оксфорд во мај 1769 година. Тој се стекнал со диплома за уметности во 1773 година, магистрирал во 1776 година, дипломирал теологија во 1785 година и докторирал по теологија во 1800 година. Во 1775 година, Бике станал член на колеџот Ориел и бил помлад проктор на универзитетот во 1784 година. Бике бил региус професор по модерна историја помеѓу 1801 и 1813 година.

Бике бил викар на Универзитетската црква „Света Марија Богородица“ во Оксфорд во 1782 година, ректор на Уфтон Нервет, Беркшир во 1789 година, декан на Бристол во 1813 година и викар на Виар во 1819 година.

Бике се стекнал со репутација на фискален експерт по неговите „Набљудувања“ од 1799 година за приносот од данокот на доход и за неговиот сооднос со вкупниот доход на Велика Британија, кои биле проширени и препечатени во 1800 година. Неговата работа за оданочување го поттикнала Пит Помладиот да го воведе првиот данок на доход во 1799 година со цел да ги финансира британските напори во Француските револуционерни војни.

Бекит, карактеристична форма на халцедон кој се јавува при зачувување на фосили со силицификација, била именувана во чест на Бике.

Бике бил многу заинтересиран за ботаника. Тој дал свои придонеси за записите на Лисонс за „Магна Британија“ и се допишувал со Сер Џејмс Едвард Смит, член и прв претседател на Линеевското друштво во Лондон. Бике се смета за биномен автор на барем еден растителен вид, Lotus pilosus, првпат опишан и објавен во Ботаникалниот водич на Тарнер и Дилвин. Подоцна се сметало дека овој вид е уствари Lotus uliginosus Schkuhr, кој сега е синоним за Lotus pedunculatus Cav, еден вид Lotus.

Бикe починал во Торки на 9 март 1837 година.

Наводи

Категорија:Англиски историчари Категорија:Починати во 1837 година Категорија:Родени во 1751 година Категорија:CS1: долга вредност за volume Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки

Категорија:Англиски ботаничари