Ралф Ерскин Клиланд (20 октомври 1892 - 11 јуни 1971) бил американски ботаничар. Во 1947 година, тој бил претседател на Ботаничкото друштво на Америка. Тој исто така бил и професор на Одделот за ботаника на Универзитетот во Индијана.
Најзначајната област на истражување на Клеланд се однесувала на генетиката на растителниот род Oenothera.Harte, Cornelia. Oenothera: Contributions of a Plant to Biology. Springer 2012 Тој ги открил структурите на поврзаните прстени на мејотските хромозоми (да не се мешаат со прстенестите хромозоми) кои, со нивното мешање во функции како што е хромозомското вкрстување, ја објасниле необичната генетика и репродукција на растенијата во родот Oenothera.Cleland, R. E. Oenothera: Cytogenetics and Evolution. Academic Press 1972.
Тој бил избран во Американското филозофско друштво во 1932 година и во Националната академија на науките на Соединетите Американски Држави и во Американската академија на уметностите и науките во 1942 година.
Наводи
Надворешни врски
Биографски мемоари на Националната академија на науките
Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Починати во 1971 година Категорија:Родени во 1892 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Американски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки