Турхан Бајтоп (20 јуни 1920 – 25 јуни 2002) ― турски ботаничар и фармацевт од Истанбул.

Роден е на 20 јуни 1920 година во Усќудар, Истанбул. Неговиот татко бил воен офицер и страствен аматерски ботаничар.

Потоа започнал да студира на Универзитетскиот колеџ за фармација во Истанбул, каде што дипломирал во 1945 година. Подоцна, за време на воената служба, работел како фармацевт во санитетскиот корпус. Во 1948 година, Бајтоп се вратил на колеџот и докторирал со хемиско истражување на Ephedra, групата растенија што содржат важни лекови како што е ефедринот. Потоа следела слична студија за турскиот вид сладок корен, Glycyrrhiza glabra.

Тој започнал да работи како асистент во Институтот за фармакогнозија по дипломирањето. Во 1951 година заминал во Париз за да студира фармакологија. Во 1952 година се вратил во Турција, а следната година Бајтоп бил унапреден во вонреден професор. Десет години подоцна, во 1963 година, ја стекнал титулата професор на Истанбулскиот универзитет Тој бил првиот декан на Факултетот за фармација. Во различни периоди бил декан петпати, а од 1969 до 1987 година бил раководител на Катедрата за фармакогнозија. Во 1987 година заминал во пензија.

Турхан Бајтоп истражувал лековити растенија во Турција, флората на Турција, како и историјата на турската фармација и фармацевтските истражувања. Објавил повеќе од 300 научни трудови и книги.

На Факултетот за фармација при Универзитетот во Истанбул, професор Бајтоп го основал „Музејот на историјата на фармацијата“, во кој се чуваат бројни историски предмети. Во 1990 година започнал да раководи со музејот. Во периодот од 1984 до 1996 година го предавал предметот „Историја и етика на фармацијата“ и напишал учебник за оваа област. Турхан Бајтоп бил заинтересиран и за ботаничката наука. Ги проучувал историските видови на лалиња и рози, за кои напишал книга на англиски јазик, која подоцна била преведена и на јапонски.

Тој бил во брак со колешката ботаничар Асуман Бајтоп .

Наводи

Надворешни врски

Проф. Турхан Бајтоп Меѓународни имиња на растенија референца

Категорија:Починати во 2002 година Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Турски ботаничари Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки