Карлтон Рој Бол (12 јуни 1873 – 2 февруари 1958) ― американски ботаничар, раководител на Бирото за растителна индустрија на САД. За време на својот живот, тој опишал 45 видови од родот Salix (врби), а бил и основач на Американското друштво за агрономија, како и уредник на неговото списание.
Ран живот и кариера Карлтон Рој Бол е роден во 1873 година, во Литл Рок, Ајова. Неговите родители биле Мери А. Менсфилд и Лерој А. Бол. Во 1896 година дипломирал со диплома од Државниот колеџ за земјоделство во Ајова, а магистрирал од истиот факултет до 1899 година.
Две години бил наставник на Државниот колеџ на Ајова, каде што вршел експерименти со семиња. Една година пред да ја стекне магистерската титула, станал дел од Одделот за земјоделство на Соединетите Американски Држави, каде што изучувал разни треви и вршел агрономски експерименти. Во 1906 година тој експериментирал со житни соргоми и метличка за да се користи наместо пченка. До почетокот на Првата светска војна, тој тестирал разни пченици и нивното производство. Од 1918 до 1929 година работел во Министерството за земјоделство на САД.
Бил член на Академијата на науките, Биолошкото друштво и Ботаничкото друштво.
Личен живот Тој се оженил со Берта Ф. Стјуард на 14 јуни 1904 година. Припаѓал на Конгрегационалниот клуб, клубот „Космос“, Првата конгрегационална црква, Здружението „Френдшип хаус“ и „Фи Капа Пи“.
Починал на 2 февруари 1958 година, во Вашингтон. За негов спомен била поставена плоча во Националниот арборетум на Соединетите Американски Држави во Вашингтон. Наводи
Категорија:Американски ботаничари Категорија:Починати во 1958 година Категорија:Родени во 1873 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки