Џон М. Дарби (р. или , Норт Адамс, Масачусетс – п. , Њујорк) – американски ботаничар, хемичар и академик. Тој го создал првиот систематски каталог на флората во југоисточниот дел на САД.

Биографија Дарби бил роден во Норт Адамс, Масачусетс, во 1804 година. Неговиот татко починал кога Дарби имал само десет години, а тој бил чирак кај плочар. На 23-годишна возраст, тој се запишал на колеџот Вилијамс и дипломирал по уметности од таа институција во 1831 година. По дипломирањето, тој бил инструктор во Академијата Вилијамстаун, а подоцна и во Семинаријата Бархамвил во Колумбија, Јужна Каролина. Тој во 1841 ја објавил првата компилација за ботаниката на јужните Соединети Американски Држави во својот „Прирачник за ботаника“, придружно дело на „Прирачник за ботаника за северните држави“ од Амос Итон. Тој бил именуван за професор по природни науки на факултетот Веслијан во Мејкон, Џорџија, во 1842 година. Дарби во 1845 година се вратил факултетот Вилијамс како професор по математика, но се вратил на југ една година подоцна за повторно да предава во Бархамвил. Во 1848 година, тој станал директор на Институтот Сигурни во Калоден, Џорџија, училиште во кое тој помогнал да се основа.

Тој во 1855 година станал претседател и професор по природни науки на Женскиот масонски факултет „Обурн“ - денес средно училиште „Обурн“ - во Обурн, Алабама. Додека бил во Обрн, го проширил својот Прирачник за ботаника на поопфатната Ботаника на јужните држави и објавил учебник по хемија. Покрај тоа, тој започнал со производство и продажба на патентиран медицински дезинфектант познат како Дарбис профилак-тик флуид, кој достигнал широка употреба низ целиот Југоисток. Во 1856 година, тој помогнал во основањето на Машкиот факултет „Источна Алабама“ во Обрн, кој денес е Универзитет Обрн. Кога факултетот „Ист Алабама“ се отворил во 1859 година, Дарби бил назначен за професор по природни науки во тоа училиште, позиција што ја имал истовремено со својата позиција во женскиот факултет „Оберн“.

Дарби останал професор во Обурн се до1869 година, кога бил избран за претседател на Факултетот „Кентаки Веслијан“ во Милерсбург, Кентаки. Во 1875 си дал отставка од позицијата и се преселил во Њујорк, каде починал во 1877 година.

Наводи

Категорија:Починати во 1877 година Категорија:Родени во 1804 година Категорија:Американски ботаничари Категорија:Статии со hCards Категорија:Американски хемичари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки