Линет Гај Кук е австралиска ботаничарка и ентомолог. Таа докторирала на АНУ во 2001 година на тезата насловена како Биологијата, еволуцијата и систематиката на штитестата вошка што предизвикува формирање на галови Apiomorpha Rübsaamen (Hemiptera: Sternorrhyncha: Coccoidea).
Таа е вонреден професор на Факултетот за животна средина на Универзитетот во Квинсленд, каде што работи од 2006 година. Нејзиното истражување воглавно е фокусирано да се „разбере потеклото, диверзификацијата и дистрибуцијата на организмите, особено растенијата и инсектите во Австралија“.
Таа дала значителен придонес во биогеографијата на растенијата и инсектите, во коеволуцијата на растенијата/животините, и во еволутивната историја на другите биоти.
Именувани растенија
Daviesia devito Crisp & L.G.Cook Daviesia schwarzenegger Crisp & L.G.Cook
Наводи
Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Статии со hCards Категорија:Австралиски ботаничари