Вилијам Хиполитус (или Хиполит) Китинг (р. , Вилмингтон, Делавер - п. 1840, Лондон, Англија) - американски геолог. Неговиот татко, Барон Џон Китинг, од ирско потекло, бил офицер во француската армија во Западните Инди кој се преселил во Вилмингтон, Делавер. Китинг се школувал на Пенсилванскиот универзитет, а потоа во Франција и Швајцарија, каде студирал рударство. Во 1822 година, тој станал професор по хемија и минералогија на Пенсилванскиот универзитет и член на Американското филозофско друштво (избран во 1822 година).
Хиполитус е можеби најпознат по својата работа како дел од екипажот на експедицијата на Стивен Лонг во Големите Езера во 1823 година, чиј извештај го објавил во 1824 година. Во извештајот тој првпат ја претпоставил хипотезата за постоењето на она што сега е познато како езерото Агасиз. Формирано на крајот од последното ледено доба за време на повлекувањето на големите северноамерикански ледници, езерото Агасиз, за време на својот врв, било многу поголемо од кое било постоечко езеро денес. Неговото огромно научно откритие, во последниве децении добива големи признанија, бидејќи сега се смета дека истекот на езерото Агасиз во Северноатлантскиот Океан е одговорен за ненадејните периоди на заладување на климата на северната хемисфера на крајот од плеистоценот. Најдраматичниот од овие периоди на ладење е познат како Помладиот Дријас.
Наводи
Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Апсолвенти на Пенсилванискиот универзитет Категорија:Американци со ирско потекло Категорија:Починати во 1840 година Категорија:Родени во 1799 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американски ботаничари Категорија:Американски геолози